Press "Enter" to skip to content

Тројцата советници од “Поинаку“ ги подиграа уверенијата: ќе ја направиме Битола поинаква!

Дене во просториите на Општинската изборна комисија во Битола, тројцата советници од независната листа на “Поинаку“ ги подигнаа уверенијата и со тоа Габриела Илиевска, Иван Чулаковски и Алмир Адемовски и офоцијално се дел од Советот на Општина Битола. По тоа носителот на листата Илиевска рече:

-Расте бројот на битолчани кои размислуваат Поинаку. Пред четири години за првпат во Македонија во град со над 40.000 жители независната листа на Поинаку имаше 2969 гласа со што освои две советнички места во Советот на Општина Битола. Не игнорираа, саботираа, не ги слушаа нашите идеи, ги одбиваа нашите предлози, дури и не напаѓаа и омаловажуваа. Останавме конструктивни и продолживме да бараме решенија за проблемите на нашите сограѓани. Четири години подоцна според изборните резултати Поинаку е на третото место по број на гласови 4331. Денес, со уверенија за избрани 3 советници во општинскиот совет од нашата листа уште еднаш сакаме да им се заблагодариме на сите кои на било каков начин не поддржаа, веруваа во нас и го дадоа гласот за Поинаку. Ќе ја направиме Битола поинаква!