Press "Enter" to skip to content

По половина час по натпреварот ракометарите се вратија во салата каде ги чекаа навивачите (фото)

Она што им се случи на младите ракометари денес по победата во Битола ретко им се случува и на најголемите светски ѕвезди и спортисти, да бидат вратени на бис.По прославувањето на победата по натпреварот се повлекоа во соблекувалната, каде го направија победничкото селфи, а тренерот Зарков им го закажа новиот тренинг, по што останаа влудоневидени дека публиката ги чека во салата и дека ги бараат да им се придружат.Во салата ги чекаа од едната страна навивачката група “Чкембари“, а од другата најверните навивачи, кои не сакаа да си одат дома. Потоа со нив се фотографираа со што покажаа почит кон нив, а почитта беше обострана, бидејќи со победата над Вардар и се она што го покажаа ја заслужија.

А кога се вратија во соблекувалната ги чекаше ладно пиво кои лично им го купи и донесе големиот спортист Стипе Мандалиниќ, со што им ја честита победата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »