Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 63 позитивни на ковид-19, оздравени 14, еден починат, 465 активни случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, се направени се 4.501 тестирање, а регистрирани се 601 нови случаи на КОВИД-19, о нив во Битола се 68.

Регистрирани сe 304 оздравени пациент од кои од Битола се 14.

До сега во Битола 7.733 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 465 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица еден од Битола на 68 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 90 и преку Плодност 77 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.404.750 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836.