Press "Enter" to skip to content

КУД “Стив Наумов“ прослави 77 години, со мини-концерт пред споменикот на Стив Наумов (фото)

Културно уметничкото друштво “Стив Наумов“ од Битола денес, симболично, со мини-концерт на отворено, го прослави 77. роденден, кое е формирано во 1944 година, само два дена по ослободувањето на Битола, на 6 ноември. По тој повод мешаниот хор на КУД “Стив Наумов“ одржа концерт пред споменикот на Стив Наумов, кој се наоѓа пред Офицерскиот дом, на Широк Сокак.

Диригентот на КУД “Стив Наумов“, Љубо Труфиновски, по повод роденденот, по концертот рече:-Еве денес, по скоро две години одржуваме концерт, а причините се познати, пандемијата поради корона вирусот. Ме радува што ете и во вакви услови успеавме да направиме мини концерт со членовите на мешаниот хор на КУД “Стив Наумов“. Тешко ги поминавме овие дваесетина месеци, без настапи, без концеети, без турнеи, но колку што ни дозволуваа условите одржуваме од време на време и проби и како гледате и слушате се уште сме во пејачка кондиција, а очекуваме и настапи пред битолчани, бидејќи и ние и тие сме желни за тоа.Малубројните битолчани имаа можност да уживаат во мини концертот на кој беа исполнети македонски борбени песни и дел од операта “Гоце“ на нашиот еминентен битолчанец и врвен македонски композитор Кирил Македонски.

More from КултураMore posts in Култура »