Press "Enter" to skip to content

Нов пораз на Пелистер во Битола, останува на дното без ниту една победа

Пелистер – Струга Трим Љум 0:1 (0:1)

Со новиот пораз, под Тумбекафе во Битола екипата на Пелистер останува екипа без ниту една победа по 13 одиграни кола, и закована на дното на табелата. Овој пат во Битола е поразена минимално со 0:1, од екипата на Струга Трим Љум. Според она како игра Пелистер и со тоа што има малку бодови, вкупно 4, тешко е да се варува дека и до година ќе гледаме пролигашки фудбал во Битола.

По оставката на Димитар Капинковски екипата ја водеше Сашо Велјановски во текот на првто полувреме битолчани беа инфериорни. Во 15. минута токму Кадриу грубо стартуваше врз Бошковски, “пелистерци“ бараа исклучување, а во 26. минута Струга поведе со 0:1. Босанчиќ го проигра Кочоски, овој влезе во казнениот простор, центрираше по земја, а младиот Малески од пет метри ја втурна топката во мрежата на Трајчевски. Пелистер се закани преку Драгарски и Маневски, па Јуфо изведе опасен слободен удар како скратен корнер. На крајот “стружани“ бараа и пенал во нивна корист.

Во второто полувреме Пелистер се обиде да притисне, но немаше реализација. Во 61. минута Трајчевски со својата втора интервенција спречи гол за гостите. Нов проблем за  Пелистер беше Принц Ампонсах, кој на носилки и со солзи во очите беше заменет во 75. минута. 

Во следното коло за Пелистер гостува во Скопје кај лидерот Шкупи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »