Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер Волеј во Битола од екипата на Наковски Волеј (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Наковски Волеј 1:3

(10:25; 25:17; 09:26; 13:25)

Екипата на Пелистер Волеј денес во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ го забележа вториот домашен пораз, овој пат од екипата на Наковски Волеј. Девојките започнаа лошо, се вратија во вториот сет, а потоа повторно им дозволија на гостите да дојдат до победа.Тренерот на Пелистер Волеј, Робер Митковски, за овој натпревар рече:-Првиот сет го започнавме во неверување во сопствените капацитети и премлако влеговме на самиот старт. По завршување на сетот одбокарките ги послушаа напите совети и во целост одработија она за што и се договорија. Во вториот сет покажавме дека оваа млада екипа има квалитет и можи и мора да добива повеќе дуели, сет во кој даде се од себе да го изненади силниот противник, а и публиката беше на нозе и даде максимална поддршка за нашите битолчанки, а за продолженито на натпреварот додава:-Сепак тоа беше недоволно, а екипата од Струмица која во моментов е првопласирана заслужено победи и ги однесе трите бода од Битола, но ние покажавме дека имаме голем потенцијал и екипата која иако на моменти игра доста променливо, допрва ќе расти во секој поглед.Митковски на овој натпревар ја истакна првото либеро Андреа Стојановска, која одигра најдобар натпревар од почетокот на сезоната.Поените ги освоија: Стефани Најдановска 12, Ана Ивановиќ 8, Сандра Дамчева 6, Меланија Каралиоска 6, Ивана Белокозовска 5 и Михаела Цветановска 1.