Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: прв солистички концерт на групата “Фонтана“ (фотогалерија)

Еден музички настан на наша позната група од Битола, пред 10 години, во 2011 годија ја наполни големата сала на Центарот за култура во Битола, а тоа беше првиот солистички концерт на групата “Фонтана“ составена од врвни музичари од нашиот град, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. -Местото во мојот новинарски бележник групата “Фонтана“ каде имаат значајно место, го заслужиле бидејќи за овие наши музичари за кои не верувам дека има битолчанец кој нема слушнато и ги има гледано по разни поводи имаа и свои гости, а тоа беа Наум Петревски, Виолета Томовска и Каролина Гочева. И тројцата гости не ги криеја пофалните зборови за членовите на “Фонтана“, а Каролина Гочева по заедничката изведба со нив рече дека му е посебно драго што ете се нашла заедно со своите пријатели на првиот нивни солистички концерт.Некои од нас, со неверување гледаа на овој проект сепак убавата музика која ја произведува оваа група самата беше покана за љубителите на добрата македонска музика, кои ја наполнија големата сала, уживаа во музиката и на крај им аплаудираа.-Ова е прв концерт, од ваков тип до сега. Со гостите им подаривме вистинска македонска музика и тоа токму во периодот кога народната музика преживува голема криза, рекоа од групата, додавајќи и дека градот на конзулите е само стартна локација, од турнејата која ќе следува. Многу ни е драго што во толкав број има наши љубители на музиката која ние ја свириме. Овој број на битолчани е само нов мотив за нови песни и нови инструментални композиции кои ќе можете да ги слушнете во иднина, порачаа за време на концертот од
“Фонтана“.А тоа нивно ветување се оствари бидејќи во годините понатаму редовно гледаме дека имавме можност да гледаме и слушаме неколку одлично концерти на “Фонтана“ кои повторно ја наполнија Голената сала на Центарот за култура во Битола. 

More from БитолаMore posts in Битола »