Денес заврши градското првенство во куглање на Битола, кое беше организирано во рамките на прославата за 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а беше во организација на кугларскиот клуб Пелистер.На градското првенство зедоа учество вкупно 23 куглари, 16 во машка конкуренција и 7 во женска. После двата дена квалификации, во финалето на турнирот “4. Ноември“ каде се бира годишен градски првак се пласираа 4 куглари кои имаа најдобри резултати, односно најмногу соборени дрвца.
Во женското финале Даниела Ѓуровска беше 4-то пласирана со 496 дрва, Ивана Трајчевска 3-та со 497 дрва, Стефанија Алексовска 505 и најдобра беше Андреа Вељаноска со 509 дрва. Андреа впрочем е и македонска репрезентативка и рекордер во женскиот битолски клуб.
Во машкото финале од двата дена се пласираа Александар Јовановиќ кој имаше 505 дрва и беше четврт, легендата на битолското куглање Цане Колев со 552 дрва кој беше трет а во неизвесна трка со исти кегли беа Цане Поповски и Пецо Димовски, но поради подобро чистење, победи Пеце кој е и македонски репрезентативец.
Игор Михајловски во име на организаторот кугларскиот клуб Пелистер по завршувањето на натпреварите рече:
-Градските првенства без разлика во кој спорт се одржуваат ги провлекуваат најдобрите, а иако сите се познаваат ривалсвото е големо, па така беше и на овој турнир. Натпреварите за пласман, односно за пласман без најинтересни, а посебно во машка конкуренција каде имаа ист број на соборени дрвца, двајцата најдобри. Им честитам на победниците и до година да имаме поголем број на пријавени куглари и поинтересни борби за медал.
Посебно признание му беше доделено на Љупчо Спирковски за посебен развој на кугларскиот спорт во Битола.