Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 21 степен

Денес, понеделник, 8 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, па ќе преовладува умерено до значително облачно и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Температурата во Битола до 21 степен.

Утре, вторник, 9 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 19 степен.