Општина Битола информира дека во паркот „Стив Наумов“, во тек е поставување на нова трим патека, која ќе содржи 12 различни направи за вежбање.
Во централниот дел е поставена пешачка патека која ги поврзува двете спротивни улици со пешачка зона и простор за одмор.Во наредните денови ќе се врши поставување на направите за вежбање.
Вредноста на оваа инвестиција е околу 1.000.000 денари.