Press "Enter" to skip to content

Орден на Свети Климент Охридски од Прв ред за Митрополитот Петар за 40 години архиерејска служба и 75 роденден (фотогалерија)

На Светата Архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола, беше речено дека зад Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, како втор митрополит на Преспанско-битолската епархија, бројката на новоизградените сакрални зданија, но и на обновените градби е импозантна: 180 храмови, 50 конаци, 55 параклиси, 75 трпезарии, 30 пропратни објекти, 15 камбанарии.Денес во Битола, кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Димитриј, Преподобниот Димитри Басаров, Преподобниот маченик Јоасаф и споменот на големиот земјотрес, а по повод 75 годишниот јубилеј од роденденот на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, и 40 годишниот јубилеј од неговата Епископска хиротонија, беше отслужена Света Архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола.На Светата Архиерејска Литургија присуствуваа Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Стобиски г. Јаков, Епископот Антаниски г. Партениј.По завршувањето на Божествената Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, во името на САС на МПЦ-ОА, чија Одлука ја прочита Епископот Климент, му додели на Митрополитот Петар Орден на Свети Климент Охридски од Прв ред, по повод 40 години неуморна архиерејска служба.Потоа Епископот Хераклејски г. Климент, се обрати кон Митрополитот Петар и кон верениот народ со пригодно пофално слово, во кое меѓу другото рече:-Денес, на денот кога го празнуваме светиот вмч. Димитриј Солунскиот Чудотворец, ние сме, литургиски собрани во присуството Божјо, во заедница лишена од смртта, во молитвена прегратка со нашите живи и починати — блиски и далечни. Нашата радост денес е зголемена бидејќи овој свештен собор претставува своевидно исполнување и одговор на срдечната желба и љубов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, кој благоизволи да нè собере овде, во Битола, и заедно да ги прославиме двата значајни јубилеи поврзани со неговата личност и делување: 40 години архијерејска служба и 75 години од раѓањето.-На самиот почеток, ја изразувам својата благодарност за упатениот повик, да земам учество во оваа соборна радост и да изговорам пригодно слово. Истовремено, сакам да го споделам чувството на одговорност и свесност дека задолжението ја надминува мојата мера. Па, сепак, охрабрен од родителската внимателност на владиката, а во полза на вистинољубието, ќе се обидам, доследно и непристрасно, имајќи го предвид општото надградување и полза, заради временската рамка, да предочам само еден мал дел од богатите ризници на богољубивата личност на овој наш архијереј, а потоа зборуваше за богатата биографија на Митрополитот Петар.Имено, животниот пат на Митрополитот Петар започнува во 1946 г, во едно повоено време и во свет ранет и со лузни од пустошот на војната. Роден е во Богомила, каде го завршил основното образование, а потоа продолжил да се школува во Богословијата во Призрен, којашто со одличен успех ја завршил, а потоа студирал и дипломирал на Богословскиот факултет во Белград. По завршувањето на студиите, тој бил повикан и поставен за професор во Средното богословско училиште, во Драчево, Скопско. Тој бил и прв секретар на Полошко-кумановската епархија, каде што истовремено извршувал и други одговорни функции.Во 1972 примил ѓаконски чин, а 1976 година бил ракоположен за свештеник и станал парох при тогашниот соборен храм „Свети вмч. Димитриј“ во Скопје. Во1979 г., тој бил замонашен од Архиепископот Доситеј и го добил името Петар. Набргу потоа заминал за Рим, каде што, покрај усовршувањето на италијанскиот јазик, на Грегоријанскиот универзитет ги продлабочувал своите богословски знаења на последипломските студии, и истите успешно ги завршил.Во 1981 г., во Соборниот храм „Св. вмч. Димитриј“ во Скопје, бил хиротонисан за епископ, а наредниот ден бил востоличен во Соборниот храм „Св. вмч. Димитриј“ во Битола, како втор митрополит на Преспанско-битолската епархија. Бројката на новоизградените сакрални зданија, но и на обновените градби е импозантна: 180 храмови, 50 конаци, 55 параклиси, 75 трпезарии, 30 пропратни објекти, 15 камбанарии. Од самиот почеток, особено внимание Митрополитот Петар и придавал на просветната и издавачката дејност, која четири децении непрекинато трае до денес.Честитајќи Ви го овој Ваш двоен јубилеј, ден-празник, почитуван и драг владико, Ви посакувам крепко здравје, мирни денови и уште многу успешни и плодни години на Вашето архијерејство со одбележување на нови годишнини и јубилеи. За многаја и благаја лета, владико!, Епископот Хераклејски г. Климент.

Извор: www.pppe.mk