Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 62 годишна жена нападната од сопругот, 16 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 07.11.2021 во Полициската станица Битола, 62- годишна жена од Битола пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 16 мерки за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.