Press "Enter" to skip to content

“СН финансиско друштво“ вчера славеше со својот СН спортски амбасадор Христијан Илиевски-Кико

 На спектакуларен начин, вчера спортскиот амбасадор на “СН финансиско друштво“, извонредниот Кико ја означи десеттата титула првак на Македонија.На последната трка од овосезонскиот мото-крос шампионат на Македонија, Кико и приреди вистинско уживање на битолската публика и со спектакуларен настап на патеката “Смолево“ забележа уште една победа, со која само ја завери новата шампионска титула, негова десетта во кариерата.Кико возеше со кацигата која ја доби на подарок од “СН финансиско друштво“ на само неколку денови пред овој значаен настан. “СН финансиско друштво“ продолжува да биде поддржувач на овој извонреден спортист кој по тригодишна пауза реши да се врати на омилениот терен каде што царува, мотокрос трките.