Новиот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, денес го доби уверението за градоначалник, кој му во врачи претседателот на Општинската изборна комисија, Игор Талевски.
За утре е закажано примопредавањето на функцијата градоначалник на Општина Битола, во 11 часот, кога актуелната градоначалничка Наташа Петровска и официјално ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот градоначалник Тони Коњановски.