Press "Enter" to skip to content

Ротаракт клубот Битола со донаторска забава прослави 20 години постоење (фото)

-Собрани средства од донаторската забава ќе бидат наменети во одделението за урологија со што ќе се одбележи месецот на машкото здравје.Ротаракт клубот Битола деновиве прослави 20 години постоење, период кој според нив е исполнет со хуманост и посветеност на потребите на заедницата и реализирани проекти во областа на културата, образованието, здравствената едикација.Вечерта беше отворена со химните на Ротари Интернационал и на Република Македонија, потоа претседателот на клубот Теодора Кумчевска ги поздрави присутните и рече:-Огромно е задоволството што јас како овогодишен претседател на Ротаракт Клуб Битола, ја имам честа да бидам домаќин на овај јубилеен настан. Сакам да ви се заблагодарам за вашето присуство и за вашата желба да во ротаријански дух го прославиме роденденот, вклучително со донаторска акција. Во текот на овие 20 години произлегоа голем број на успешни проекти, реализирани хуманитарни акции и настани.Потоа на официјалниот дел од вечерта зборуваа Сашо Додовски (чартер претседател на клубот), Раде Христовски (прв македонски гувернер на дистриктот 1912), Дејан Крстанов (претседател на Ротари Клуб Битола) и Филимена Најдовска ( претседател на Интеракт Клубот).Од страна на Ротаракт клубот Битола Благодарници добија сите поранешни претседатели на клубот, а на прославата беа присутни клубовите од Прилеп и Скопје.Од пријателите на клубот беа обезбедени  вредносни ваучери како и парични средства кои беа понудени на аукција, а беа продадени со наддавање, а нив ги обезбедија  МКЦ Битола, “Мариели Торти“, “Чифлик“, “Аурум“, “Капри“, “ИгоИмпекс“, “Шумски Фенери“, “Портал“ “Филигран“, “Евростил“, “3Д Кино“, “4 Сезони“, “Јосифов“, “Филигран 1935“, “СН Брокер“, “ТуКул“, “Пивка“, “Нуга Бест“, “Синпекс“, “Монтинг Инжинеринг“.Сите собрани средства од донаторската забава, аукцијата, спонзорствата ќе бидат наменети во одделението за урологија на болницата во Битола со што ќе се одбележи месецот на машкото здравје што беше и тема на вечерта.

More from ВестиMore posts in Вести »