Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 38 позитивни на ковид-19, оздравени 6, активни 580 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 3.597 тестирања, а регистрирани се 656 нови случаи на Ковид-19, од нив од Битола се 38.

Регистрирани сe 273 оздравени пациент од Битола се 6.

До сега во Битола има 7.907 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 580 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 110 и преку “Плодност“ 45 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.415.992 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368.