Press "Enter" to skip to content

Во македонската пресметка во АБА2 лигата, Пелистер поразен од МЗТ

Пелистер – МЗТ Скопје 64:80

Во вториот балон кој од АБА2 лигата, кој се игра во Осиеј, Хрватска, кошаркарите на Пелистер се поразени од МЗТ Скопје, во македонската пресметка во 3. коло. 

“Пелистерци“ мотивирано го отворија натпреварот, по израмнетите први минути, во продолжение Пелистер фати ритам, ја презеде контролата врз резултатот и го зголемуваше водството, кое по првите десет минути застана на осум поени 18:26. Со неверојатна втора четвртина МЗТ Скопје направи пресврт и позитива и со 33:12 на полувреме замина на одмор.

И по одморот Пелистер не можеше да ја пронајде вистинската игра, а на спротивната страна Милошевиќ и Крстевски немолосрдно казнуваа и ја одржуваа позитивата на својот тим. Во финалните десет минути се влезе со +12 за МЗТ Скопје, а кoшаркарите на Пелистер продолжија со очајниот шут за три поени, па “аеродромци“ запишаа голема победа со +16.

Во Пелистер прв стрелец беше Кесар со 15 поени.

Петок во 4. коло Пелистер игра со Војводина.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »