Press "Enter" to skip to content

Коњановски со цвеќе за Петровска на примопредавањето на градоначалничката функција (фотогалерија)

Како и беше договорено точно во 11 часот пред Општина Битола, пристигна новиот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, заедно со својот тим, а по пречекот на дел од вработените во Општината, со букет цвеќе влезе во градоначалничкиот кабинет, каде го пречека досегашниот градоначалник, Наташа Петровска. Петровска му ја предаде функцијата градоначалник на Коњановски, на кој ова му е првиот работен ден како нов градоначалник на Битола, а потоа двајцата дадоа изјави.Петровска во своето излагање потсети на кратко за својот мандат како градоначалник, а како рече сето тоа го има презентирано во информаторот кој го има подготвено за периодот од 2017 до 2021 година, како и за предизвиците кои ги имала за време на мандатот. Петровска нагласи дека имала огромна поддршка од семејството и од нејзиниот тим, а на Коњановски му посака добро здравје успех во работата.Коњановки се заблагодари на топлиот прием на Петровска и вработените, а тоа како рече му доликува на еден град како е Битола. Нагласи дека за некои проекти кои се во тек или за некои информации кои ќе му бидат потребно, но во едно сигурен дека сите ги очекува работа, за Битола да биде поубаво место за живеење. А во однос на вработените нема да има фаворизирани, а ќе работи по програмата која им ја понуди на битолчани, кои и му ја дадоа довербата.Петровска симболично на Коњановски му ги предаде клучевите од градоначалнилкиот кабинет и пенкало со кои би потпишувал нови договори за развој на Битола.Заедно до Коњановски беа и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и иден советник Пеце Милевски, Борче Димитровски и Викторија Христовска.