Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци и Црвен крст-Битола со помош за семејството Ристевски од Живојно

Рита Трајковска, мајка на две деца од село Живојно, семејство кое се наоѓа во тешка  социјална состојба живее на работ на егзистенцијата, без месечни примања и социјална помош. Без доволно храна, облека и средства за хигиена едвај врзуваат крај со крај. Излегувајќи им во пресрет на нивната состојба, градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски им донираше пакети со облека, храна, дрва и средства за хигиена на семејството Ристевски.

-Рита Трајковска е наш граѓанин, која живее со двете малолетни деца во Живојно во тешка економска и социјална состојба, без месечни парични примања, недостаток на храна, облека, средства за хигиена, дрва , обувки и се она што им е потребно на едно семејство за да функционира. Таа поднесе барање за помош до општина Новаци и Советот на општина Новаци на што ние се одѕвавме. Оваа донација е само мал дел но сепак  ќе им ги олесни маките и тешката состојба во која се наоѓа ова семејство,  рече Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.На барање на општина Новаци во помоштта се приклучи и општинската организација на Црвениот крст од Битола.

-Направивме пакети со храна и намирници кои имаат подолг рок на траење, облека, училишен прибор, средства за хигиена на домот и средства за лична хигиена  кои денеска ќе им ги донираме на семејството Ристевски од с. Живојно. Ќе разговараме со мајката и доколку е потребно во наредниот период ќе им обезбедиме и мебел и разна покуќнина.  Овие средства се обезбедени преку донации кои ги имаме во соработка со училиштата и детските градинки од Битола каде децата донираат разни работи кои потоа се пакуваат во соодветни пакети и истите се даваат на оние семејства кои се наоѓаат во тешка економска и социјална состојба, рече Лилјана Ристевска , претседател на ОО на Црвен крст Битола.Претседателката на ОО на Црвен крст од Битола денеска оствари средба со градоначалникот на општина Новаци, со кој разговараа за можните начини на идна соработка помеѓу овие две институции.

Општина Новаци на мајката Рита Ристевска која е државјанка на Р. Албанија и нема регулиран престој во нашата држава,  ќе и помогне и во постапката за стекнување на државјанство затоа што наскоро и изминува времето за престој во Македонија.  Исто така со посредство на општината започната е постапка за семејството Ристевски да добие право за постојана парична помош преку Центарот за социјални работи во Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »