Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ со “Битолска платформа“ за понатамошното управување со Општина Битола

“Поинаку“ секогаш ќе биде поинаку, на страната на битолчани и во коалиција само со граѓаните, без било какви поделби или поединечни, лични приоритети за реализација на проекти. Ги вреднуваме сите предизборни ветувања и програми бидејќи сите беа поддржани од битолчани и поради тоа ги повикуваме колегите советници, сите активни чинители, носители на функции и сите оние кои беа вклучени во изборите и предизборните кампањи на било каков начин да понудат проекти кои заедно ќе се разгледуваат, подобруваат, одобруваат, гласаат и реализираат.

И понатаму остануваме отворени и достапни и затоа ги повикуваме и охрабруваме и сите битолски здруженија, организации и поединци да се вклучат со свои проекти и идеи. За Поинаква Битола, се обврзуваме на таканаречена “Битолска платформа“ која содржи основни постулати врз кои ќе се заснова понатамошното управување со Општина Битола.

ОДГОВОРНОСТ, ЕФИКАСНОСТ, ПАРТНЕРСТВО, ПАРТИЦИПАТИВНОСТ, РЕАЛИЗАЦИЈА, РАЗВОЈ, ДОСТАПНОСТ, ПРАВИЧНОСТ и ТРАНСПАРЕНТНОСТ

За прв пат ни една политичка партија во Битола нема апсолутна моќ да одлучува своеволно, односно ќе биде потребна оправданост и сериозна елаборација пред донесување на било која одлука, што пак на задоволство на граѓаните ќе резултира со реализација на што поголем број на проекти и решавање на голем број на секојдневни проблеми. Секој кој е спремен и сака да ги почитува постулатите на “Битолска платформа“ го повикуваме да ни се придружи. Ова е последната шанса на Битола и затоа мора да се работи секојдневно, напорно и за сите наши сограѓани подеднакво! 

More from ВестиMore posts in Вести »