Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за напад на полициски службеник, повреден 73 годишен велосипедист, сообраќајни контроли

На 09.11.2021 во 11.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 20 годишник од Битола затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.11.2021 околу 18.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улиците „Филип Втори Македонски“, „Ило Џокановски“ и „Цане Василев“ во Битола,  мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во велосипедист на возраст од 73 години од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Битола.  

На 09.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 16 мерки и тоа 9 за пречекорување на  максималната дозволена брзина во населено место и 7 за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »