Press "Enter" to skip to content

УКЛО го одбележа Светскиот ден на науката

Kомисијата за наука и меѓународна соработка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, чиј претседавач е проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски, одржа online седница посветена на одбележување на 10 Ноември – Светскиот ден на науката.На почетокот, проректорот Неделкоски изврши презентацијата на Извештајот за наука на УНЕСКО од 2021 и во обраќањето по поводсветскиот ден на науката што се одржува под мото “Building Climate – Ready Communities” потсети дека науката е меѓу најважните елементи за развојот на секое општество, упати порака дека науката не смее да биде на маргините на општеството, напротив, таа е најважната продуктивна сила на општеството.За жал податоците покажуваат дека во државата науката константно тони и издвојувањата за финансирање на науката од државниот буџет опаѓаат од година до година и во 2018 биле 0,36% од БДП. Ова е спротивно на трендовите во Европската Унија каде инвестирањето постојано расте и просекот во 2018 бил 2,03%.Лоша е состојбата со кадарот кој работи во областа на науката. Кај нас во 2018 сме имале 799 вработени во секторот наука и научни истражувања на милион жители, додека во повеќето земји членки на ЕУ овој број е над 2000, а во високо развиените земји над 5000. И сите други индикатори се поразителни и што е најлошо во константно опаѓање.Во рамки на одбележувањето на настанот, посебно место имаа излагањата на професорите од УКЛО: Марина Малиш Саздовска, Факултет за безбедност – Скопје, координатор на ВЕКТОР – првиот проект од програмата на НАТО за наука на УКЛО со осврт кон можностите за научни истражувања преку НАТО програмата за наука, проф. д-р Илија Јолевски од ФИКТ кој ги претстави можностите за научни истражувања во соработка со локалната индустрија (искуства и од ИТ Хабот на ФИКТ / проект EMPLOYOUTH), и презентацијата од проф. д-р Даниела Николовска Неделкоска, од Технолошко –техничкиот факултет- Велес, која се осврна кон можностите за подобрување на научнo- истражувачките капацитети преку Грантовата шема за иновативни проекти во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка.Одбележувајќи го 10 Ноември – Светскиoт ден на науката, од УКЛО се потенцира потребата и нужноста од видливоста на научниците и нивните публикации, нивно објавување во индексираните бази наподатоци, креирање на профили на мрежите за научници,биографија на веб страниците на институциите во коиработат, како и профили на останатите општествени мрежи.

Е.Атанасоска

More from ВестиMore posts in Вести »