Press "Enter" to skip to content

Формиран УКЛО-Алумни клуб

На пригоден настан што денес на ФИКТ, официјализирано  е формирањето на АЛУМНИ КЛУБОТ на УКЛО.Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски ги искажа задоволството дека со АЛУМНИ КЛУБОТ се продлабочува поврзаноста на Универзитетот со дипломираните студенти  и дека алумнистите се важни  заштитници и закрилници во јакнењето на брендот на Универзитeтот.Тој нагласи дека со градењето цврста, одржлива мрежа на алумнистите со студентите од УКЛО се исполнува значајна цел, се овозможува повеќестрана корист за сите вклучени и инволвирани фактори во насока на зголемување на професионалните контакти, истражувања и иницијативи.Во рамки на настанот се обрати и проректорот за студентски работи на УКЛО, проф Марјан Ѓуровски. Тој посочи дека алумните на УКЛО се богатство и се осврна кон бројните  очекувања од нивната вклученост во Алумни клубот на УКЛО.Покрај презентација за Алумни клубот, настанот беше збогатен со неколку  алумни обраќања од истакнати стопанственици и општествени работници меѓу кои:  Наќе Чулев од Агенција за разузнавање, м-р Наташа Пресилска-Алумнист, сениор-менаџер во Арнот бисвкит во Сиднеј, д-р Наташа НесторовскаАлумнист, член на управен одбор-Стопанска банка А.Д Битола и академик Неџат Корајлиќ – докторант на Факултетот за безбедност во Скопје, професор на Универзитетот во Сараево, БиХ.На развојот на Алумни клубот на УКЛО му претходеше формирање на Координативно тело во кое се вклучени респектабилни УКЛО алумнисти,  дел од близу 38 илјади дипломирани студенти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »