Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 47 позитивни на ковид-19, оздравени 19, починати 2 лица, хоспитализирани 45 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 2.663 тестирања, а регистрирани се 432 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 47.

Регистрирани сe 448 оздравени пациент од Битола се 19.

До сега во Битола има 7.954 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 606 случаи.

На Инфективното одделение во Клиничката болница хоспиталзирани се 45 пациенти со потешка клиничка слика. 

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица две од Битола на 51 и 68 години.

Направени се преку  ЦЈЗ Битола 103 и преку “Плодност“ 57 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.418.655 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334.