Press "Enter" to skip to content

Втората студентска и Прва универзитетска студентска конференција “Техниката и урбаниот развој“ (фотогалерија)

Денес, во организација на Факултетското студентско собрание на Техничкиот факултет во Битола, единица на УКЛО, а во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на науката на Техничкиот факултет се одржа Втората факултетска студентска конференција и Прва универзитетска студентска конференција “Техниката и урбаниот развој“ на тема “Технологијата и општествениот развој низ аголот на студентот“.Целта на коференцијата беше да ги зближи студентите, да ги мотивира и инспирира за взаемна соработка, дополнително да се едукацираат, да изработат свои трудови, секако под менторство на нивните професори, со кои ќе допринесат во подобрување на условите за живот во средината во која работат.Од име на УКЛО, значајната активност ја поздравија проректорите проф. д-р Игор Неделковски и проф. д-р Марјан Ѓуровски. Проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделкоски изрази задоволство . Тој потсети дека никој не се занимава со наука заради стекнување материјални богатства ниту за некои значајни општествени признанија. Единствена водилка е желбата да се спознање нешто ново и тоа да се сподели со општеството и затоа науката има благородна мисија.  Проректорот Ѓуровски посочи дека инспирирани од науката која има клучна улога во работата на секој универзитет, УКЛО и нејзините факултети преку серија настани ја приближува науката во секојдневниот живот на студентите, професорите, бизнис заедницата и пошироката општествена јавност. Да се биде дел од науката и да се практицира истата во секојдневниот живот бара многу умешност и знаење. Тој смета дека со успешен спој на теоријата и праксата и поддршката и вниманието во научно-истражувачката работа и подготвувањето на нашите студенти за наредните циклуси на студирање, ќе го подигнеме повисокото ниво на образование на нашиот Универзитет.Иницијативата на студентите да ја организираат Втората факултетска студентска конференција и Прва универзитетска студентска  конференција, беше со задоволство прифатена од ректоратот на УКЛО и Деканатот на Техничкиот факултет, но и од останатите единици на Универзитетот.-На повикот за учество се јавија неколку тимови кои изработија свои трудови, кои ги презентираа пред своите колеги студенти и професори, рече Верче Коневска, студент на Техничкиот факултет во Битола која беше вклучено во организацијата на конференциите.Инаку, одржувањето на Втората факултетска студентска конференција и Првата универзитетска студентска конференција “Техниката и урбаниот развој“ на тема “Технологијата и општествениот развој низ аголот на студентот“ беше дел од одбележувањето на јубилејот 60-години од формирањето на Техничкиот факултет во Битола.-Ова е еден од најзначајните настани кои ги организиравме во рамките на нашата прослава, рече проф.д-р Верица Данчевска, продекан за настава на Техничкиот факултет – Битола.На најуспешните истражувачки трудови кои ги изработија студентите ќе им бидат врачени пригодни награди, а ќе бидат објавени на веб страницата на Техничкиот факултет.Инаку УКЛО активно се вклучи во одбележување на 10 Ноември – Светскиoт ден на науката и, по тој повод, Kомисијата за наука и меѓународна соработка чиј  претседавач е  проректорот  за наука, проф. д-р Игор Неделковски, одржа онлајн седница на којашто се нотирани достигнувања  на академски кадри  меѓу две одбележувања, со што Универзитетот ја  промовира и афирмира науката и научните достигнувања како еден од приоритетите во своето работење и делување.