Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер до победа во Битола како на тренинг (фото)

Еурофарм Пелистер – Пролет 38:22 (21:7)

Спортска сала: „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 500
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски

Еурофарм Пелистер:  Секељи, Кизиќ, Мараш 3, Ојлески 5, Маркоски 2, Маџовски 2, Мандалиниќ 2, Танкоски 2, Периќ 1, Костески 6, Кукоски, Велковски 1, Божиќ Павлетиќ 4, Граџан 3, Обрадовиќ 2, Табоада 5.Пролет: Петковски, Цветковски, Аларов 5, Тотиќ, Пецаковски 3, Додевски 3, Димов, Андоновски, Џонов 1, Мајнов 6, Крстески 1, Димковски 1, Голубовиќ 1, Фичорски, Палевски, Пејовиќ 1.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола, во рамките на 10. коло од Супер лигата  ја запишаа шестата по ред победа, во натпревар, лесно како на тренинг, против Пролет со резултат 38:22, полувреме 21:7. “Пелистерци“ на стартот со серија на лесни голови во осмата минута имаа 7:0. Првиот гол скопјани го  постигнаа во 15. минута за 11:1. Во 18. минута Бабиќ ја промени половина постава, но и Табоада, Ојлески и Костески погодуваа за убедливи 21:7 на полувреме.Вториот дел битолчани го почнаа во ист ритам, а предноста во 43. минута достигна +19. Во натпревар кој беше решен од почетокот Еурофарм Пелистер лесно дојде до победа од 38:22. Најефикасни кај Пелистер Костески со 6 и Ојлески и Табоада со 5 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »