Press "Enter" to skip to content

Нова победа на Еурофарм Пелистер 2, овој оат во Радовиш

Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 24:29 (14:13)

Спортска сала: СРЦ „25 мај“ – Радовиш
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Андоновски

Радовиш:  Паунов, Стојановски 4, Марков, Долдуров, Ѓорѓиев, Постолов 3, Спасов, Мицов, Ристев, Мицев, Органџиев 3, Ристов, Трајанов 5, Вујниќ 5, Костадинов, Трајчевски 4

Еурофарм Пелистер: Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 5, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 7, В. Димитровски, Петровиќ 7, Димитриоски 3, И. Димитровски, Талевски. Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски 1, Белистојановски 2, Ѓукиќ 1, Блажевски, Арсеновски 3.

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со победите дома и во гости. Младите ракометари во Радовиш ја победија истоимената екипа во рамките на 10. коло од Супер лигата со резултат 24:29, полувреме 14:13. Екипата на Радовиш имаше контрола на натпреаврот, но, на крај битолчани си заминаа дома со бодовите.  Финишот целосно им припадна Еурофарм Пелистер 2, кои одлично се снајдоа кога се одлучуваше натпреварот.

Инаку, домаќините постојано имаа мала предност, а така беше и на полувреме 14:13, а во второто полувреме за првпат имаа позитива, по која ја презедоа контролата над натпреварот.  Радовиш се обидуваше да се врати во игра, но “пелистерци“  имаа солидна предност, доволна за седма победа.

Павле Петровиќ и Павле Атанасијевиќ кои дадоа по седум гола, Цветан Кузмановски пет гола.