Press "Enter" to skip to content

Почит за жртвите од Првата светска војна – потсетување дека слободата нема цена

Денес на Српските воени гробишта во Битола се одржа комеморативната церемонија по повод 103 годишнината од Денот на примирјето во Првата светска војна, кое се случи на денешен ден 11 ноември 1918 година.

На оваа комеморација присуствуваа амбасадорката на Република Србија Н.Е Невена Јовановиќ, државниот секретар на Министерството за труд во Република Србија Миодраг Капор и военото аташе на војската на Србија потполковник Вујица Вукобратов и почесниот конзул на Србија во Македонија, Силјан Мицевски.Градоначалникот на општина Битола д-р Тони Коњановски, денес присуствуваше на и положи свеќе на спомен костурницата.

На средбата присуствуваа претставници на државните институции и Армијата, како и претставниците на дипломатскиот и воениот кор.