Press "Enter" to skip to content

СН Осигурителен Брокер ги исклучи светлечките реклами во 40 експозитури низ државата поради енергетската криза

Како општествено одговорна компанија СН Осигурителен Брокер АД Битола од синоќа ги исклучи светлечките реклами во 40 експозитури низ државата.

На овој начин компанијата се приклучува на иницијативата за заштеда на електрична енергија поради енергетската криза.

Светлечките реклами во седиштето и подружниците на СН Осигурителен Брокер на 40 локации низ државата ќе останат исклучени во период од 30 дена, односно за време на прогласената кризна состојба во енергетскиот сектор. 

Со овој гест, СН Осигурителен Брокер АД Битола настојува да ја поттикне и јавната свест за потребата од одговорно и рационално користење на електричната енергија, со што се дава придонес и во заштитата на животната средина.

More from ВестиMore posts in Вести »