Press "Enter" to skip to content

Францускиот амбасадор во Битола домаќин на проекцијата на филмот “Сеќавање“ за првата светска војна (фотогалерија)

Во рамките на научната конференција која се одржува во Битола, на тема “Историја, уметност, колективна меморија и помирување“ вечерва во киното “Манаки“ на Широк Сокак се одржа проекција на документарни филма на Роберт Јанкулоски, „Сеќавање“ и „Манаки, приказна во слики“.Пред проекцијата на документарните филмови на присутните им се обрати Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во Македонија, кој прво ги поздрави гостите на конференцијата кои веќе се во Битола, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, гимназијалците од Горната Гимназија, и сите присутни.Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер посебно се осврна на авторот Јанкуловски, при што рече: -Вашата работа и вашата посветеност и се добро познати на јавноста, вие сте познат уметнички фотограф, а сте и продуцент на неколку кратки и документарни филмови. Вашата грижа за македонското наследство е она пто ги вкрстува нашите патишта. Ги реанимиравте фотографиите на браќата Манаки, просветители на Балканот.Од стаклени закопани плочи, го оживеавте заборавеното сеќавање од регионот на Битола од почетокот на 20 век преку наследството на браќата Манаки. На некои чудески фотографии од Македонскиот фронт француски војници и цивили се појавуваат на светлината на денот. -Во спомен музејот на Француските гробишта во Битола се изложени 17 фотографии од браќата Манаки кои даваат дополнителна светлина во поставката во овој музеј. Вие дадовте и поддршка за работата на Француската амбасада во текот на комеморативните настани за 100 годишнината од крајот на Првата светска војна и затоа ви се заблагодарувам, додаде францускиот амбасадор.Јанкуловски возбуден за искажаните пофалби зборови од амбасадорот упатени кон него се заблагодари и рече. -Не очекував толку да се зборува за филмот и за мене. Малку сум возбуден, а сум почестен сум пто го избравте мојот филм да издадеме почит за денот на примирјето. Тој ден е најреќниот дел во човештвото, дека со тој тоа примеирје се ставало крај на војните, но потоа се случувале и други. Тие се случуваат до денес кога е во тек третата војна, за која се надевам дека сите ќе излеземе како победници. На проекцијата беа и дел од почесните конзули, предводени од најстариот почесен конзул, Калиопа Стилиновиќ-Кривашија, француски почесен конзул во Битола, која секако е дел од организацијата на сите настани кои се случуваат во Битола, по повод денот на примирјето.Утре во Конференциската сала на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, во 10 часот се одржува научната конференција која се одржува во Битола, на тема “Историја, уметност, колективна меморија и помирување“.

More from ВестиMore posts in Вести »