Press "Enter" to skip to content

Амбасадорите на Франција и Германија на кратка средба со битолските пратенички од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

-Имавте вчера напорен ден, во двата табори, па затоа Ви благодарам за тоа што сте денес на овој ден на помирувањето на Француските гробишта во Битола, им рече по завршувањето на комеморацијата, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер,  на пратеничките од Битола, Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ и Бисера Костадиновска-Стојчевска, кои претходно заедно положија цвеќе во име на македонското собранието.

Потоа на средбата им се придружи и амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, по што разговаа за вчерашниот тензичен ден во Парламентот и за денот за помирувањето, односно за Битола и она што се случувало на овие територии во Првата светска војна, за жртвите и повредените на двета страни…

More from ВестиMore posts in Вести »