Press "Enter" to skip to content

Амбасадорите на Франција и Германија во посета на градоначалникот Тони Коњановски (фото)

Како дел од комеморативните настани за одбележување на помирувањето и француско – германското зближување, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со амбасадорката на Германија Анке Холштајн и амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер. На средбата, беше нагласено, дека токму ваквите настани на сеќавање и споменување, се насочени кон градење на подобра заедничка иднина.Нема поголемо задоволство за еден градоначалник, да го почне својот мандат, со вака висока посета од нашите пријатели од Европа. Укажано ни е исклучително внимание, разговаравме за многу теми и се договоривме за нашата идна соработка. Одбележувајќи го Денот на помирувањето по Првата светска војна, се потсетуваме на историјата на овој вековен град. Битола поминала многу премрежја, рече амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер.Од најважен центар на Балканот, конзулски град во кој блескал сиот раскош на Европа и Ориентот во 19 век, градот набргу во Првата светска војна доживеал катастрофа и разрушување. Станал град во кој биле фрлени над 13.000 гранати и биле убиени над 4200 цивили. Ова е дел од историјата која не треба да биде заборавена. Набргу Битола повторно се исправи како убавица на Балканот, за денес да сме сведоци на живеењето во новата ера на конзулска Битола.Одбележувајќи го овој ден на помирувањето, заедно со двајцата амбасадори на Франција и Германија, симболично застануваме на патот на подадената рака, пријателството, блискоста. Заеднички во Битола, покажуваме дека нашата заложба е таа блискост да трае, со што градиме заедничка иднина. Имаме долга заедничка историја, која останала во срцата на нашите претци, а нас, како сегашни чинители, ни останува да бидеме соработници, партнери и постојано да ја надградуваме нашата соработка, во повеќе области. Како веќе докажани партнери, од оваа градоначалничка позиција верувам дека ќе реализираме уште многу заеднички соработки, проекти, културни настани и ќе останеме доследни на традицијата на подадена рака и пријателство, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласувајќи дека, Битола мора да го врати својот сјај во континуирана соработка со своите европски пријатели.Продолжувањето на идната соработка во оваа насока ќе биде заложба и на двајцата амбасадори. Во овој контекст, амбасадорката на Германија Анке Холштајн, нагласи декa потврда е и една од најголемите германски фабрики, Кромберг и Шуберт, која во општина Битола, беше отворена во 2013 година, а денес брои над 6000 вработени. Во оваа насока, како една од најзначајните програмски заложби на Градоначалникот Коњановски, е привлекувањето на нови инвестиции и отворањето на нови работни места, со посебен акцент на Индустриската зона Жабени, рече амбасадорката на Германија Анке Холштајн.

More from ВестиMore posts in Вести »