Во рамките на својата богата, дводневна програма за време на престојот во Битола, Амбсадорот на Франција, господинот Сирил БОМГАРТНЕР се сретна со група средношколци од завршните години, ученици во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.Во атрактивното кафуле “DEUSH“, во пријатна едно и полчасовна средба, гимназијалците на кафе што се водеше без превод, на француски јазик, имаа прилика да разговараат со Амбасадорот на бројни теми: за младите, за нивните ставови и место во општеството, за нивните размислувања, стана збор за Европа, нејзините вредности, за изборот на студии воопшто и можностите за студии во Франција , за изборот на занимања кои се атрактивни на пазарот на труд.
Младите франкофони имаа интересни прашања за амбасадорот на кои тој со задоволство одговараше не скривајќи го притоа своето воодушевување од одличното ниво на нивното познавање на францускиот јазик.
Станува збор за ученици кои го учат францускиот јазик од најмлада возраст во Француската Алијанса, и секако во гимназијата „Јосип Броз Тито“ каде францускиот јазик има долга историја низ различни форми на изучување : билингвални паралелки, бројни проекти, размени, патувања во Франција.
А кога сме кај патувањата , овие ученици само што се вратија од едно незаборавно патување во Париз организирано со посредство на Француската Алијанса.
На средбата, покрај Амбасадорот беа присутни претставници на Францускиот Институт од Скопје, Францускиот конзулат и Француската Алијанса од Битола.
Средбата заврши со „фамилијарна фотка“ на Широк сокак и секако, со ветување за повторно кафе пиење при наредното доаѓање на Амбасадорот.

Гимназилците од Горната Гимназија на кафе со францускиот амбасадот (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фото вест: две кошаркарски легенди кои ги “личи“ да бидат “на кошарка“
- 42 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на СВР Битола
- Пелистер го победи Еуро Никел во Битола и го направи првиот чекор кон финалето (фотогалерија)
- Регионалната комора од Битола организира средба во Стење на претставници од Лерин, Пела, Аминдео и Преспа на градовите и коморите
- Жарко Пешевски нов кружен напаѓач на Еурофарм Пелистер, во Битола останува три години