Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер со два порази се враќаат од Осиек во Битола

Пелистер – Војводина 66:75

Во вториот натпревар во “балонот“ во Осиек, Хрватска, екипата на Војводина од Нови Сад е победник, а тоа значи дека во четири кола, трет пораз за Пелистер кој е дебитант во АБА 2 лигата. Кошаркарите на Пелистер имаа добро прво полувреме, но и очајна трета четвртина во која Војводина направи пресврт и се усмери кон победата, е краткото резиме на натпреварот. 

Екипата од Нови Сад ја имаше почетната предност, поведе со 11:6, потоа и 18:12, но со серијата битолчани се вратија во мечот. На истекот на првата четвртина имаа -1, 18:19. Израмнета беше и втората четвртина, иако во еден период Војводина имаше највисоката предност 29:22. “Пелистерци“  направија нова серија, 13:2 со која дојдоа до пресврт. Поведоа со 33:31, а на одмор отидоа со 39:36.  

Во третата четвртина Војводина направија 11:4, за +4. Потоа новосаѓаните побегнаа и на највисоки, двоцифрени 59:48. Во овој период на игра “пелистерци“ дадоа 9, а примија 23 поени. Последни десет минути Пелистер имаше 7:2,  а во 35.минута имаа -5. Војводина се врати на двоцифрени 68:58 на четири минути пред крајот на натпреварот, што беше доволно за победа, но тоа беше и 3 пораз на Пелистер во 4 кола.

Тренерот на битолчани, Марјан Илиевски по мечот изјави:

-Како и на претходните натпревари и вечерва имавме 2-3 минути во кои имавме голем пад во кој бевме казнети. Во цел овој период зад нас имаме проблем и со шутот за три поени, промашуваме многу отворени позиции. Тоаго казнуваат противниците и, практично, тоа не чини пораз.

More from СпортMore posts in Спорт »