Press "Enter" to skip to content

На Француските гробишта во Битола комеморација за Денот на помирувањето во Првата светска војна (фотогалерија)

Традицонално, како и во изминатите повеќе од 15 години, во Битола, на француските гробишта во Битола се одржува комеморација по повод Денот на примирјето во Првата светска војна, кое го организира Француската амбасада во Македонија.Денес комеморацијата се одржа по повод повод 103- годишнината од Денот на помирувањето во Првата светска војна, во 1918 година. Традиционално венец на костурницата кај Француските гробишта заедно положија Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција и Анке Холштајн германската амбасадорка во Македонија, предводени од нивните воени аташеа.Претходно Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција им се обрати на присутните, кој ја нагласи причината за комеморацијата е тоа е потсетување за денот на примирјето, кое е потпишано на 11 ноември 1918 година. -Пред повеќе од еден век, овде на ова тло се бореле речиси 400.000 француски војници, а над 70.000 од нив никогаш не се вратиле дома. На ова тло, на Македонскиот фронт, смртоносен исход имаа и германските војници, како и бугарските, српските, грчките, англиските, италијанските и руските, но многумина ги изгубија своите животи погодени од дизентерија, скорбут и други болести. Оваа војна од 1914-1918 година, е како сите војни, тоа е реалност, што се храни со нашите грешки, а да се одбележи ова примирје, значи потсетување и повторување дека мораме да учиме од нашите грешки. Амбасадор на Франција, Бомгартнер, потсети дека во таа војна, Битола беше на линијата на фронтот. Таа беше маченички град, подложен на секојдневни бомбардирања, на удар на војниците кои се судрија со цивилите, во многу долга борба до смрт, а како резултат на таа војна и денес се пронајдени стотина илјади гранати во центарот на Битола. Затоа минатото и сегашноста треба да ни помогнат да изградиме подобра заедничка иднина. Тоа е смислата на соработката што се обидуваме да ја воспоставиме, токму за зајакнување на капацитетот за деминирање и општа поддршка на ова земја во нејзиното неодминливо враќање во еврпското семејство.На комеморацијата, цвеќе положија пратеничките во Собранието, Олга Лозановски и Бисера Костадиновка-Нечовски, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, амбасадорот на Руската федерација, дипломатски претставници во државата, како и почесните конзули во Битола, ветераните од Франција и Сојузот на борци од Битола.На крајот на комеморацијата сите заедно им оддадоа почит на загинатите, а беа интонирани Француската, Македонската и Германската химна, а потоа беше посетен и спомен музеот на Првата светска војна кој се наоѓа во комплексот Француски гробишта.

More from ВестиMore posts in Вести »