Press "Enter" to skip to content

Одржан научно-стручен собир во организација на МНД Битола (фотогалерија)

Македонското научно друштво-Битола, во НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола меѓународниот ден на науката го одбележа со организација на Научно-стручен собир на тема „Влијанието на пандемијата врз науката- искуства и примери на професионални предизвици во општеството “.Во свечениот дел од собирот пригодно обраќање имаше претседателката на МНД Битола, проф. д-р Невена Груевска, кој ја поздрави учесниците и гостите на конференцијата и ги образложи мотивите за организирање на Конференцијата. -Меѓународниот ден на науката како научно друштво, го одбележуваме со Научно-стручен собир на тема „Влијанието на пандемијата врз науката, искуства и примери на професионални предизвици во општеството“. Темата во денешно време е многу актуелна со оглед на состојбите во кои живееме предизвикани од пандемијата. Тоа што беа презентирани 17 трудови од 28 автори, зборува за актуелноста на темата.Поздравни обраќања имаа и проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, и проф. д-р Цветко Смилевски, основач на “Бизнис академија Смилевски“.Учество во пленарниот дел имаа Др. Билјана Гагачовска, специјалист психијатар со свое излагање на тема : „Зачувување на менталното здравје“.Своја презентација имаше и д-р Гордана Балтовска, член на МНД – Битола, како и член на Управен одбор на Стопанска банка А.Д Битола со свое излагање на тема “Предизвиците од COVID кризата  Професионални предизвици во банкарството“.На овој Научно – стручен собир беа пријавени 17 трудови, односно 28 автори и неколку од трудовите беа презентирани од страна на дел авторите на самиот настан.Трудовите ќе бидат објавени во новиот број на списанието „Прилози“  кое се издава еднаш годишно, разработувајќи одредена тематика.