Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетник со “априлиа“ повреди пешак, сообраќајни контроли

На 11.11.2021 во 19.18 часот на ул.„Тошо Даскало“ во Битола мопед „априлија“, со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник удрил во пешак ба возраст од 79 години од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 11.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 12 мерки и тоа 8 мерки против возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина во населено место и 4 мерки за возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »