Press "Enter" to skip to content

Граѓанска иницијатива со протестен марш побара ослободителна пресуда за полицискиот службеник Петковски (фотогалерија)

Граѓанската иницијатива за поддршка на полицискиот службеник вечерва заедно со голем број на битолчани организира протестен марш кој започна од Офицерскиот дом,  низ Широк Сокак, па се до Апелациониот суд во Битола.На граѓанската иницијатива на која им се приклучија битолчани побараа побара ослободителна пресуда за полицаецот. Организаторот на граѓанската иницијатива, Зоран Христовски им се обрати на присутните, ги поздрави сите кои дадоа поддршка за Гоце, сите полициски службеници кои се грижат за нас, нашите животи, законите на оваа држава и борба против криминалот, и рече:-Причината за која сме денес собрани на овај протестен марш е нашата заедничка цел, ослободителна пресуда за Гоце. Пракса веќе подолго време, години, стана да читаме по медиуми и вести донесени траги комични пресуди од судската власт , како и смешни спогодбени казни со основното јавно обвинителство. Секојдневно сме сведоци на се поголемиот циркус со пресуди кои ги дава судската власт, пресуди за педофили, за убиства, за тешки криминали, за силувања, за насилства, за разбојништва, за лекарски грешки, за дрога, со казни нелогични, со казни условни или казни со една две години затвор, а од друга страна имаме чувар на редот, чувар на нашата држава, на нашата безбедност кој при извршување на работните задачи го осудуваат на една година ефективен затвор.Денес сме тука пред Основен суд во Битола и ОЈО да покажеме дека ваквите во најмала рака срамни пресуди нема да се дозволат, нема да поминат кај народот.  Секој овде од нас на некој начин е оштетен од ова судство и обвинителство или пак предметите им се заглавени со години.Искрено се надевам дека во судската власт има  чесни судии, дека има судии кои можат да бидат пример и основа за идното македонско судство кое ќе биди рамо до рамо со оние судства од западниот развиен свет и таквите судии ќе донесат ослободителна пресуда за Гоце, а мму порача на Гоце дека ќе бидат со него.На граѓанската иницијатива им се придружија и полициските синдикати кои ја искористија приликата да им се заблагодарат на сите битолчани за поддршката која им ја искажаа.