Еурофарм Пелистер – Шампион 40:13 (23:7)
Еурофарм Пелистер 2 – Металург 38:18 (20:5)
Еурофарм Пелистер во Битола обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Македонија, а на три дена до АЕК, Жељко Бабиќ одмори половина екипа и шанса добија неколку членови на младинската екипа и скоро сите максимално ја искористија шансата. Кукуловски и Костески го водеа младиот бран до убедливи 23:7 по првиот дел. И во вториот дел младите битолски сили продолжија како претходно и на крајот резултатот беше 40:13. Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Кукуловски и Ристевски со по седум гола.
Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 1, Маџовски 1, Кукуловски 7, Марковски 6, Танкоски, Ристевски 7, Периќ 1, Костески 5, Велковски, Југовски 4, Ризовски 4, Обрадовиќ, Гуцевски 2, Табоада 2.
И ракометарите на Еурофарм Пелисетр 2 убедливо ја победија екипата на Металург РА и се пласираа во осминафиналето во Купот со во Битола против Металург РА со 38:18. Јовиќ им даде слободен викенд на поискусните Трајкоски, Димитровски и Ѓукиќ, а помладите максимално ја искористија приликата. На стартот беше изедначено, а потоа следуваше серија 7:2 и убедливо водство од +5 за домаќините. Победникот беше решен уште по првиот дел, кој заврши со убедливи 20:5 за пелистерци, а во вториот многи измени и зголемување на предноста. Минутажата ја искористија Мирчевски, Белистојановски, Петар Атанасијевиќ, Блажевски, Буторац…
Еурофарм Пелистер 2: Јовановски, Ристевски, Кузманоски 4, Петковски 2, Буторац 1, Мирчевски 4, Пав. Атанасијевиќ 4, Петровиќ, Андонов 2, Димитриоски 4, Талевски 1, Пет. Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 5, Атанасијевиќ, Белистојановски 5, Блажевски 3.