Press "Enter" to skip to content

Започнаа 21. Пелагониски културно научни средби во Новаци

На Пелагониските културно-научни средби беше доделена наградата “Повелба за животно дело“ на проф. д-р Златко Жоглев и наградата “Златен клас за македонскиот вознес“ постхумно на поетот Панде Манојлов.

Општина Новаци ја продолжува традицијата долга 21 година како домаќин на Пелагониските културно-научни средби. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници. Градоначалникот  на Oпштина Новаци, Стевче Стевановски  како домаќин свечено го отвори овај настан и на присутните им порача дека општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува и во динина.-Овие средби имаат традиција во Oпштина Новаци веќе 21 година и оваа традиција ќе ја продолжиме и понатаму. Особено се значајни од 3 аспекти и тоа: истражувањата во областа на културата, историјата и книжевното творештво, презентација на научни трудови и афирмација и поддржување на жените автори и младите дејци, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Oпштина Новаци.

На средбата се презентираат трудови од областа на историјата и македонистиката посветени на културно-историските и духовни вредности на Oпштина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија. Покровител е општина Новаци и Македонското научно друштво од Битолa.

More from КултураMore posts in Култура »