Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Хепатоцелуларен карцином

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на Хепатоцелуларен карцином, за што вели:-Црнодробните тумори можи да бидат примарни и секундарни или метастатски. Примарните можи да се бенигни хемангиоми, липоми и малигни како хепатоцелуларниот карцином и холангиокарциномот. Причините за настанување на хепатоцелуларниот карцином се непознати, фактори кои влијаат се прекумерна конзумација на алкохол, дадени вируси како хепатит Б и Ц вирусните инфекции, цирозата на црниот дроб.

Болеста на wilson и автоимуните хепатитис се поретки причини за појава и развој на хепатоцелуларен карцином. Клинички често е асимптоматски се додека не се појави метастазирање во други органи како бел дроб, мозок, црева, коски, болки под десен ребрен лак, иктерус, асцитес. Покрај промени во AST, ALT, LDH, албуми и крвна слика  основни методи за дијагностицирање се ехо на абдомен со биопсија МРИ, КТ на абдомен. Ултрасонографија се гледа инхомогена структура со нејасни граници на лезија често присутен асцитес.

Лекувањето е хируршки или онколошки со зрачна и хемотерапија во зависност од степенот на прогресија на хепатоцелуларниот карцином па се до трансплантација на црн дроб во високоразвиени медицински центри.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“ во Нова Битола.

More from СоветиMore posts in Совети »