Press "Enter" to skip to content

Протест со автомобили низ Битола на полицискиот синдикат против казната на полицаецот Гоце Петковски (фотогалерија)

Попладнево низ битолските улици со моторни возила беше одржан протестен марш кој го организира полицискиот синдикат кој започна на влезот во Битола од страната на Прилеп кај бензинската пумпа.Со развиорени македонски и знамиња на полицискиот синдиката возилата стигнаа до Апелациониот суд во Битола, каде говорниците им се обратија на полицајците и другите граѓани кои учествуваа на протестот.Протестот беше укажување дека казната што Основниот кривичен суд од Скопје му ја изрече на полицаецот од Битола, една година затвор, поради инцидентот со припадник на ромската заедница е неправедна и драконска.Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата, беше прв говорник на протестот и рече дека протестот е предупредувачки и дека сакат да ги предуредат судиите бидејќи и претерале сите мерки, а тие очекуваат праведна, ослободителна пресуда.-Не може некој за убиство на човек да биде осуден 6 или 7 месеци, а некој поради ништо на една година затвор. Во Битола се обединуваат сите синдикати и отпочнуваме една сериозна синдикална битка зашто ни е дојдено преку глава, а од тука можеби ќе започне и едно нови синдикално движење.

Никола Кирковски, претседател на Синдикатот на полицијата пред присутите рече дека не е задоволена правдата и не е донесена правична пресуда, туку неправда, во спор во кој оштетениот нема поднесено лекарско уверение за нанесени повреди.-Сведоци сме и на многу други случаи каде се изречени далеку поблаги казни за многу потешки дела. Ние само заради тоа што  сме припадници на полицијата, на било кој огранок од полицијата, нашата стручност, обука и заклетва, не значи дека не ја заслужуваме правдата како сите останати граѓани, а за поднесените докази во судот. Дали за судот е доказ напад на полициски службеник пред очите на Петковски, дали за судот е доказ заканата по живот упатена кон полицискиот службеник од страна на наводно оштетениот, дали е доказ дека физичкиот напад врз медицинско лице доктор повикан на лице место, а судот не  ги зел предвид сите докази, за одбрана на Гоце Петровски.

Последен говорник беше Горан Ристевски од независниот синдикат на затворска полиција и администрација:-Веќе во понеделник ќе поднесат барање за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка за полициските лица вработени во МВР и затворската полиција да се избрише членот каде што припадник на безбедноста ќе се гони во делот на организаран криминал. Ние бараме да ни се води редовна постапка како за сите граѓани, секој кој што направил злоупотреба ќе се казнува по кривичниот законик.

Полицајците кои беа пред Апелациониот суд останаа пред Судот и ја држеа блокирана улицата се до доаѓањето на граѓаните кои исто така протестираа за правда на Гоце.