Press "Enter" to skip to content

Феникс АМС комплетен по подолго време очекува победа

Денез започнува деветтото коло на женската Супер ракометна лига, а сите натпревари имаат голема важност, бидејќи борбата за плеј-оф зоната е пожестока од претходно, а таков ќе биде и дуелот Феникс АМС и Шампион. Дуелот се игра утре попладне и е од исклучителна важност за двете екипи, а и начинот на подготовка на натпреварот од страна на тренерот и ракометарките од Битола е во таа насока.

Сара Илиевска од РК Феникс АМС за утрешниот натпревар вели:-Верувам дека ќе победиме. Се надевам дека ќе одиграме како што треба, бидејќи добро тренираме и се подготвуваме за тимот на Шампион. Со оглед на тоа дека сме нова екипа, никој не го знае нашиот максимум. Наше е да се докажиме и да го одиграме нашето. Противникот е солидна екипа, но победата единствено ни е на ум. Играме подобро од сите што очекувавме, но резултатите тоа не го покажуваат. Можеби ни треба една победа како мотивација и пресвртница. На пример, против ЖРК Чаир игравме 20-20 по првиот дел и сите бевме изненадени дека можеме да играме рамноправно со второпласираната екипа на табелата. Тренинзите ни минуваат забавно , се бодриме меѓусебно и веруваме во квалитетот на екипата.

И нејзината млада соиграчка Сандра Корлевска вели дека се подготвени за овој натпревар со кој ќе ја прекинат негативата серија и вели:-Според табелата екипата на Шампион е поискусна екипа, но нашите припреми за натпреварот не се за потценување и со тимски дух и многу желба можеме да ја исполниме целта и да се вратиме со победа. Комплетни сме, ги надминавме малите повреди и спремни сме за следната серија натпревари. Досегашните натпревари се всушност еден вид припреми да видиме колку можеме во Суперлигата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »