Press "Enter" to skip to content

Во Битола 30 нови позитивни на ковид-19, оздравени 24 пациенти

Направени се 2.667 тестирања, а регистрирани се 285 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 30.

Регистрирани сe 328 оздравени пациенти од Битола се 24.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 85 и преку “Плодност“ 53 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.428.941 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати е 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549.