Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: акција за пошумување “Ден на дрвото“ (фото)

-Пред повеќе од десетина години во Битола и во сите други градови кај нас започна една акција за пошумување на голите ридови, а тоа беше продолжение на една поранешна кација во Битола, пред 40-50 години кога средношколците ја пошумуваа околината на Битола, а беше доста успешна, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Денот кога се пошумуваше во 2011 година беше неработен ден, а во ноември тоа беше 8. по ред  традиционална акција “Ден на дрвото-засади ја својата иднина”, а тогаш се спомену аа бројки од околу 6 милиони садници со цела Македонија, вели Миновски, кој додава дека се уште нема некои конкретни бројки колку дрвја се засадени и колку од нив, како велиме народски “се фатија“.Во Битола тогаш се пошумуваше на излезот кој Охрид, “Лук Оил“ и Бел Камен, на местата кои бра изгорени од големиот пожар, кој се случи претходно, а и на локациите на кои во претходните акции садниците не се фатиле. Тогаш по некои податоци  се засадува околу 20 хектари голи површини, кои во изминатите години најмногу настрадаа во големите шумски пожари со бел и црн бор, како и даб и костен.Јас од едно друго време, кога овие акции без прифатени од сите и сите учествуваа да кажам пак по мое , со ќеф, а без разлика колку и дали беа успешни би сакал да продолжи пошумувањето околу Битола, без разлика на формата по која се одржувало, а целта е иста, да се вратат шумите околу градот, вели Миновски.