Press "Enter" to skip to content

Кога ја имаа победата, неочекувам пораз на одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 2:3

(25:15; 23:25; 18:25; 25:23; 12:15)

Одбјкарките на Пелистер Волеј во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ доживеаја неочекуван пораз од екипата на Универзитет од Тетово, но за утеха е тоа што имаат на овој натпревар, освоен значаен бод.Првиот и четвртиот сет беа за “пелистерки“, но кога ја имаа победа во раце ги загубија последните поени во петтиот сет. Тренерот на Пелистер Волеј за овој драматичен натпревар вели:-Натпревар во кој иако започнавме неубедливо во првиот сет, тоа траеше кратко и веднаш се подигна нивото на игра, а судејќи по резултатот се беше јасно и првиот сет го добивме со убедливи 25:15. Во вториот сет две третини одржуваме убава предност но сето тоа како да не беше доволно и во последните моменти не издржавме па го загубивме речиси добиениот, за нас клучен сет со 23:25. Потоа дојде до пад на мотивацијата, а го зголемивме бројот на грешки и тетовчанки возвратија со сигурни 25:18.Во четвртиот сет беше игра на нерви, во која за нијанса се снајдовме подобро од противникот и го добивме сетот со 25:23, а за одлулувачките поени додава:-Што да кажеме за петтиот сет, нешто што одамна не сме виделе и нешто на што мора многу да се работи. Неразбирливо е да отвориме со 4:0 и 10:3, сет во кој сите ја видоа победата на наша страна, сет во кој сите веруваа, сите, освен нашите одбојкарки кои ги одиграа најлошите 5 минути во досегашната сезона и практично им ја поклонија победата на гостинките. Играа против самите себе, играа против сите, само не против онај кој треба. Навистина штета, да загубите натпревар после повеќе од 2 часа игра, во кој и двете екипи освоија по 103 поени, а не беше така на 5 минути пред самиот крај.

После првиот круг, бодот значи задржување на петтата позиција, па после 7 одиграни кола, петто место од осум екипи не е за занемарување и има уште многу да се игра.Пелистер Волеј освои фантастични 74 поени тоа не беше доволно за победа, а редоследот, во кој лидер е Ана Ивановиќ со освоени 23 поени што е личен нејзин рекорд во нашиот дрес е следен: Ана Ивановиќ 23, Стефани Најдановска 19, Ивана Белокозовска 18, Меланија Каралиоска 5, Сандра Дамчева 4, Теодора Андоновска 3 и Михаела Цветановска 2.За истакнување е фантастичната игра на коректорката Ивана Белокозовска која одигра одлично во денешниот болен пораз.

Фото: Дамјана

More from СпортMore posts in Спорт »