Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 18 годишна девојка почината однесена во болница-дадена наредба за обдукција, физички напад од три лица, оддалечување од дом

На 13.11.2021 во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола била донесена почината 18 годишна девојка од Битола. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

На 14.11.2021 во 03.20 часот во СВР Битола, Д.С. (25) од Битола пријавил дека околу 00.30 часот на паркинг на ул. „Климент Охридски“ во Битола бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.11.2021 во 23.15 часот во СВР Битола, 54 годишник од Битола пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син на возраст од 27 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

More from ВестиMore posts in Вести »