Press "Enter" to skip to content

Вториот блок на РЕК “Битола“ од синоќа повторно вклучен во електроенергетскиот систем

Блок 2 на РЕК “Битола“ од синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, соопшти АД ЕСМ.

На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет.

Стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена, информираат од АД ЕСМ.

More from ВестиMore posts in Вести »