Press "Enter" to skip to content

Да веруваме во луѓе со визија и желба за акција, а не во луѓе кои имаат само идеи

И СН финансиско друштво се вклучи во #GEW2021, Глобалната недела на претприемништвото, учествувајќи на панел дискусија во организација на Qworkingo на тема “Претприемачите и нивните предизвици“ со поддршка на Стартап Македонија.  На хибридниот настан, зборуваа бројни претставници кои го поттикнуваат развојот ба старт-ап екосистемот кај нас, а свои искуства споделија познати претприемачи.

На настанот зборуваше и Никола Јошевски, основач на СН финансиско друштво кој истакна како по различни обиди во различни сфери на старт-ап бизниси се развивал неговиот пат на успехот како претприемач. Како шансата да остане во САД, по едногодишната работа таму, ја менува за враќање во Македонија и успех во она што денес го работи.Присутните беа заинтригирани и од неговата одлука да ја напушти зоната на конфор работејќи на раководна позиција во една позната банка, за да направи одличен старт во Финтек индистријата каде денес неговата компанија доминира.

-Јас верувам во луѓе со визија и желба за акција, а не во луѓе кои имаат само идеи. Исто така убеден сум дека успехот и неуспехот се ужасно блиску. Како да се избере успехот? Најважниот предизвик во развој на успешниот продукт во сферата во која работите е одлуката за тоа кога е мигот за “свртување” односно пивотирање-израз познат во светот на менаџментот. Така се решаваат и грешките, така се носат и молскавично одлуки кога чувствувате дека потребна е промена која ја диктира пазарот, потребата на клиентите или конкуренцијата. Секогаш “неуспехот” е предуслов за успех, истакна Јошевски и пред публиката присутна во новоотворениот и прв 24/7 коворкинг простор под името Qworkingo во Битола и за ониајн публиката која го следеше овој настан. Н

а панел дискусија посветена на Глобалната недела на претприемништво настапија и претставници на фирмите Qodix, 3Mode и 3/4 by Jasmina кои ги споделија своите (не)успешни приказни и предизвиците со кои се соочиле за да им покажат на младите претприемачи дека неуспехот е важен

More from КомерцијаMore posts in Комерција »