За денес во 12 часот е закажана конститутивна седница на Советот на Опптина Битола, а во советничките клупи ќе седната 31 советник од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Независната група на советници “Поинаку“ и политичките партии Левица, ДУИ и ЛДП.
ВМРО-ДПМНЕ има во Советот – 13, СДСМ – 11, “Поинаку“ – 3, “Левица“ -2, ДИУ и ЛДП по 1 еден советник.
Претхдно во саботата на иницијатива на градоначалникот, Тони Коњановски, во општина Битола, беше организиран координативен состанок со носителите на советничките листи на политичките партии кои освоија советнички места во идниот општински совет. Целта на координацијата беше да се разменат мислењата, идеите и визиите на сите политички партии и независната група на советници, кои преку своето делување ќе влијаат на реализацијата на нови проекти за подобра иднина на Битола.